Данското Министерство за одбрана им се приклучи на другите западни земји во забраната за употреба на кинеската платформа за кратки видеа Тикток на службените мобилни телефони и други уреди.
Употребата на платформата е забрането од безбедносни причини, но и затоа што апликацијата е потребна само до многу ограничен степен за работата на вработените, соопшти Министерството во Копенхаген во понеделникот.
Секој што има инсталиран Тикток на своите службени мобилни телефони или други уреди, треба да ја избрише апликацијата што е можно поскоро.
Министерството ги следи препораките на Данскиот центар за компјутерска безбедност (CFCS), кој неодамна советуваше да не се користи Тикток на уредите на владините агенции.
Како што пренесе ДПА повикувајќи се на данските медиуми, министерствата за правда и клима и енергија во земјата веќе ја забраниле апликацијата.
Апликацијата веќе е забранета на службени мобилни телефони во други западни земји, како што се САД, Канада и од летонското Министерство за надворешни работи.