Репрезентативецот на Бразил и стандарден првотимец во дресот на старо-новиот шампион на Германија, тимот на Баерн (М), Данте, е убеден дека на првиот противник во групната фаза, селекцијата на Хрватска, многу ќе и недостасува Марио Манџукиќ кој мора да ја одлежи суспензијата од еден натпревар.
„Убеден сум дека на Хрватска многу ќе и недостасува Марио Манџукиќ. Тешко да се најде замена за таков фудбалер. Марио е голем борец, но ние мора да бидеме сконцентрирани во сите 90 минути. Хрватска е опасна и без услугите на Манџукиќ. Почнавме да разговараме на оваа тема, да мислиме на дуелот против Хрватска. Марсело постојано го фали тимскиот колега Лука Модриш кој може да игра на повеќе позиции. Се обидуваме да дознаеме некоја информација повеќе за Хрватска. Знаеме за нивните слави и силни точки и мислам дека тука ќе ја направиме потребната разлика”, изјави Данте.