Централниот дефанзивец на актуелниот светски и европски клупски шампион, Баерн (М), Данте, откри дека е во игра и опцијата да си замине од „Алианс Арена” за време на зимскиот преоден рок и својата кариера да ја продолжи во редовите на најтрофејниот клуб во англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед.
„Се уште не сум фудбалер на Манчестер Јунајтед, се уште сум дел од Баерн (М). Не можам да сокријам дека сум горд на информацијата дека сум желба на Манчестер Јунајтед, му годи нивниот интерес. Оваа ситуација ќе биде решена до крајот на зимскиот преоден рок. Ќе мора да почекате до 31 јануари, но има време, има уште 10 дена”, изјави репрезентативецот на Бразил кој важи за идеален наследник на англискиот ветеран, Рио Фердинанд.