Поранешниот синдикален лидер во „Комунална хигиена“, Дели Дардишта призна дека дел од неговата фамилија е вработена во претпријатието.
– Вистина е дека ние сме големо семејство, но секој има своја куќа, секој си живее со своите деца. Ние со генерации сме тука, сè е легално, согласно закон. Секој има право да се вработи. Камо да имавме среќа да работиме на друго место, а не во ѓубре, вели Дардишта.
Градоначалничката Данела Арсовска претходно посочи дека од фамилијата Дардишта има над 40 вработувања.