
Нон-пејперот пејперот во врска со проширувањет на Европската унија во кој не се препорачува доделување датум за почеток на пристапните преговори за Македонија и Албаниј, чиј потписник е Франција и уште пет земји членки, нема никаква официјална важност и кон крајот на јуни ќе се разгледува достигнувањето на земјата, изјави во четвртокот француската дражавна секретарка за вооружени сили, Женевиев Дариесек.
„Да се зборува за еден работен документ што нема никаква официјална важност, а знам дека во последно време се пишуваше низ медиумите за него, е навистина нешто што допрва ќе треба да се разгледува и затоа треба кон крајот на јуни да размислиме за стигнување до вашата конечна цел. Знам дека беше направена огромна работа, ви претстои уште и свесни сме за напредокот што го постигна државата“, одговори Дариесек на новинарско прашање, на прес-конференцијата со македонската министерка за одбрана Радмила Шекеринска во Битола.