За прв пат над 10.000 натпреварувачи застанаа на стартот на Виз Ер Скопски маратон уште еднаш потврдувајќи ја љубовта кон спортувањето која ја има во Македонија и влијанието кое Виз Ер Скопски маратон го има во развојот на истата.
14-от Виз Ер Скопски маратон беше блесокот на илјадници тркачи, но само неколку успеаја меѓу првите да ги зададат последните чекори на 5км трката и полумаратонот. Додека, тркачите на маратонот сѐ уште газат по улиците на Скопје во генералниот пласман на полумаратонот Дарио Ивановски беше прв со 01.09.10, Атанас Анчевски заврши втор со 01.14.44 и трет беше Милош Ранчиќ со 01.15.56. Од жените во генералниот пласман првите три места ги земаа Миљана Ристиќ со 01.29.15, Амела Трозиќ со 01.32.22 и Силвија Шимуновиќ со 01.35.06.
Трката на 5км беше најмасовна, но само 6 луѓе ја имаа можноста да ги освојат првите 3 места во категоријата мажи и категоријата жени. Кај машките натпреварувачи први беа Богдан Цветковски, Кристијан Стојани, Леонид Вандевски, а кај жените Греса Бакрачи, Марго Бојаџиева, Викторија Ѓорѓеска.
Натпреварувањето за најтешкиот предизвик продолжува со маратонот и истиот може да се следи во живо на следниов линк http://skopskimaraton.com.mk/rezultati/ или на новата мобилна апликација која ја лансираше Виз Ер Скопски маратон. Таа може да се преземе на:
https://play.google.com/store/apps/details?id=com.skopjemarathon