Пред точно 23 години, на 29. мај 1991 година, нашиот Дарко Панчев го постигна одлучувачкиот гол од пенал со кој Црвена Звезда го совлада тимот на Олимпик Марсеј и стана европски шампион во фудбал.
По 120 минути игра на стадионот ”Свети Никола” во Бари, резултатот гласеше 0-0, па се прејде на изведување пенали.
По 8. серија резултатот беше 4-3 за Црвена Звезда, па така Панчев со погодокот во 9. серија ја запечати судбината на французите и донесе огромна радост кај фудбалерите, делиите и целата тогашна СФРЈ.
Стрелци за Звезда беа и Роберт Просинечки, Драгиша Биниќ, Миодраг Белодедиќ и Синиша Михајловиќ.
Инаку популарната ”Кобра” таа сезона ја доби и наградата ”Златна копачка”, а 7 месеци подоцна со победата против Коло Коло, тимот на Звезда стана и светски шампион.
Еден од најзаслужните за овие две титули беше и вториот наш интернационалец во редовите на црвено-белите, Илија Најдовски, кој заедно со Миодраг Белодедиќ го сочинуваа еден од најдобрите стоперски тандеми во светот.