Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски е избран за лидер на социјалдемократската младина, на денешната изборна конвенција на која беше и единствен кандидат. Каевски беше досегашен потпретседател на младината на СДСМ, а ќе го наследи Стефан Богоев.
Богоев се заблагодари за досегашната поддршка и доверба во текот на целиот мандат и го истакна и клучниот период пред кој се наоѓаме како држава.
Каевски ги повика младите максимално да се вложат за претстојниот референдум и се осврна на придобивките за младите од членството во ЕУ и НАТО.
Обезбедуваме стабилна сегашност и иднина. Младите ќе имаат можност за зголемена мобилност и пренесување на знаења со своите врсници од Европа. Со гласот ЗА на 30 септември, гласаме и ЗА повеќе работни места, повисоки плати и повисок студентски стандард, рече Каевски.
На Конференцијата се избра и нов Централен и Надзорен одбор на СДММ.Во претстојниот период ќе се избере и Извршниот одбор на СДММ, како и генерален секретар и потпретседатели на младината.