Дарко Костадиновски е нов претседател на Уставниот суд

Судијата Дарко Костадиновски е избран за нов претседател на Уставниот суд на Република Северна Македонија, информираат денеска од Судот.

Од Уставниот суд додаваат дека повеќе информации во врска со изборот на Костадиновски ќе бидат соопштени во текот на денот.

Претходно Уставниот суд во повеќе обиди не успеа да избере претседател.

Во 2018 година Дарко Костадиновски бешe избран за нов уставен судија откако „за“ гласаа 66 пратиеници, без против и воздржани.

Дарко Костадиновски е доктор на правни науки на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од областа на меѓународното право. Како предлог за уставен судија, Костадиновски доаѓа од местото државен советник за надворешна политика во кабинетот на Претседателот на Република Македонија.