Даштевски: Цел тим ќе се грижи за ИТ безбедноста на ДИК, а не само еден инженер

Претседателот на ДИК, Александар Даштевски, во неделното интервју на „Радио Слободна Европа“ вели дека се преземени многу мерки за заштита на податоците на граѓаните и дека тие се строго доверливи.

-Податоците што ни ги дава МВР се криптирани и никој не може да ги декриптира – вели Даштевски.