Даштевски: Граѓаните масовно да излезат на изборите за да бидат успешни

Граѓаните масовно да излезат на локални избори за тие да бидат успешни, порача претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски оценувајќи дека генерално излезноста до 13 часот е добра.

Тој истакна дека гужвите пред избирачките места се создаваат бидејќи малку луѓе се пуштаат да бидат во избирачкото место.

Посочи дека ќе пратат допис до Општинските изборни комисии на избирачките места да бидат пуштени оддеднаш онолку граѓани колку што има кабини за гласање, со цел да се намалат гужвите.