Конститувната седница се води според Деловникот и Уставот, и тоа е прецизно одредено, така што ниту е легален, ниту е валиден вчерашниот избор на Талат Џафери за претседател на Собранието, вели професорот Александар Даштевски за НетПрес.
Според Даштевски, посебно во Член 80 став 2 од Деловникот се истакнува дека претресот трае додека не се исцрпи листата од пратениците кои се пријавиле за збор. Според истиот член став 5, претседателот на Собранието констатира дека претресот е завршен кога ќе утврди дека листата на пријавени пратеници за збор е исцрпена.
„Вчера, според Деловникот, седницата за избор на Комисијата за избор и именување траеше вообичаено од 11 до 18 часот, освен доколку нема поинакво одредување, и претседателот Трајко Вељаноски исправно закажа продолжение. Тогаш неовластено, спротивно на Уставот и споменатите членови, без да бидат повикани сите пратеници, без утврдување на дневен ред и негово поделување на сите пратеници, извршија избор на Талат Џафери со 61 глас“, вели Даштевски.
Бидејќи станува збор за нелегален чин, како што вели Даштевски, изборот е ништовен и нејсно е како е можно правно да се реагира на него, одговара професорот.
Потсетува дека сите други членови од Деловникот досега се спроведуваа безпрекорно и досега така беше водена седницата на Собранието. Тоа што констутивната седница трае долго, толкува Даштевски, е поради фактот дека има платформа со која се загрозува унитарноста и суверенитетот на државата и се прифаќа платформа договорена во странска држава.
„Да не заборавиме дека за да се смета тој претседател избран, потребно е таа одлука за избор да биде објавена во службен весник на Република Македонија. Понатака потребно е таа одлука за избор да биде верифицирана со давање на печатите на Талат Џафери“, рече во четвртокот вечерта во разговорот за ТВ НОВА, професорката Татјана Каракамишева Јовановска.
Според неа, тоа нема да се случи. Ниту таа одлука ќе биде објавена во службен весник, ниту печатот ќе му се предаде на господинот Талат Џафери така како сценаристот наумил, рече Каракамишева и додаде дека странскиот фактор порачува дека оваа ситуација треба да се надмине со дијалог.
Професорот Александар Климовски, пак, смета дека можно решение и излез од целата ситуација лежи во одлуката шефот на државата Ѓорге Иванов да го свика Советот за безбедност, кој е на потег во овој момент. Да се разгледа целосната безбедносна и политичка состојба, и да се донесат заклучоци за надминување на ситуацијата, дали тоа ќе бидат коишто треба да бидат најдобриот став.
Во синоќешното отворено студио на ТВ НОВА рече дека за ситуацијата треба да се произнесе и Владата, да го активира Штабот за кризен менаџмент. Климовски потсетува дека постои Закон за управување со кризи, во кој се наведува дека кога е загрозен уставниот поредок на државата треба да се преземат одредени мерки, така што Владата и шефот на државата треба да реагир.аат на соодветен начин
„Ако Брисел вели дека народот нарпавиле насилство, тогаш она што го нарпавија Заев и пратениците коишто го поддржуваат направија супернасилство. Има одредби во Кривичниот закон кои ги опфаќаат ваквите чекори, како што се државен удар. И од таму е право кога Иванов кажува зашот не го вели зашто го Две кривилни дела: ставање на Република Македонија под директна контрола од друга држава“, рече професроката Татјана Каракамишева Јовановска.