Александар Даштевски,универзитетскиот професор, политички аналитичар и новоизбранот претседател на ДИК гостуваше во емисијата „Прашањето ми е следно“, во која кажа дека секоја партија инсистира тој што е предлог за претседател на Државната изборна комисија има искуство бидејќи тоа е пресудно за таа позиција и дека поентата е да се обезбеди слободен фер и демократски изборен процес.
„Претпоставувам дека секоја партија гледа дали тој што ќе биде избран има доволно искуство, и дали е доволно спремен. Се треба да биде во согласно со законот и поентата е изборниот процес да биде слободен, фер и демократски“, потенцираше Даштевски.
Даштевски истакна дека новиот состав на Државната изборна комисија е виско професионално без оглед на тоа што има повеќе членови на опозицијата.
„ Сметам дека се тоа врвни професионалци“, појасни Даштевски.
„Многу ќе придонесеме да се врати довербата која инаку, граѓаните сега не излегуваат и поради други причини. Летоска не излегоа поради пандемијата, се плашеа и навистина потоа многу се разви ,тоа е едно а исто така и поради недовербата во избирачкиот процес. Меѓутоа, јас гарантирам дека ќе направиме се со другите членови бидејќи ги знам луѓето не верувам дека ќе одат во крајности да има некои проблеми кои би ја довеле во сомневање работата на ДИК. Ние би се потрудиле да ја повратиме довербата како професиналци а не како луѓе кои се предложени од една или друга партија“, рече Даштевски.