Според првичните информации од полицијата,бизнисменот Горан Даскалов од Штип сам си го одземал животот.
Од МВР го потврдуваат идентитетот, а првично велат дека се работи за самоубиство, но за официјална потврда се чекаат резултатите од обдукцијата.
До неговото безживотно тело во викендичка во населбата Сутилак бил пронајден и пиштол, кој е предаден на вештачење.
Даскалов беше член на Управниот одбор на Текстилен кластер и до пред една година претседател на ФК „Брегалница“.
Штипската јавност Даскалов го познава како човек кој работеше во текстилниот сектор.