Даскаловски: Владата да покаже издржани позиции и да го сочува нашето достоинство

Македонската влада мора да покаже издржани позиции во преговорите за името со Грција, вели во изјава за телевизијаа Канал 5, професорот и политички аналитичар Жидас Даскаловски.

Властите имаат обврска да се фокусираат на демократизација и европеизација на земјата без разлика во која фаза се преговорите со Грција.

„Со сите изјави на евробирократијата, и политичари и парламентарци ова е реална најава очекувано е и извештајот за напредокот да биде позитивен од структурите на комисијата да е позитивен и да се даде препорака за почеток на преговори која што е веројатно советот да ја верификува во смисла да ја прифати доколку има некаков напредог во преговорите со името . Мислам дека ќе биде препорачано но. На крајот од денот европскиот совет ќе реши во однос на тоа како одат преговорите со името“, вели Даскаловски за изјавата на еврокомесарот Хан.

Македонската влада треба да покаже издржани позиции, да не брза, на крајот на денот знаеме дека почеток на преговори не значи дека ќе бидеме членови. И дека ние имаме достоинство, идентитет и име кое не смееме да го продаваме. Ние сме тука една страна која треба да работиме на демократизација и на европеизација на земјата без разлика во која фаза се тие разговори со Грција, додаде професорот

Целиот разговор погледнете го во видеото на Канал 5.