![dastevski-640x350 (1)](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/01/dastevski-640x350-1.jpg?resize=640%2C350&ssl=1)
Ако сега ВМРО-ДПМНЕ попушти со приказната дека поради СЈО можел некој да не е во владата, во иднина народот ќе гласа, а чадорот ќе бира премиери и министри во Македонија, на сметка на народот. И тоа и од ВМРО. И од ДУИ, и од СДСМ и од сите други, напиша аналитичарот Александар Даштевски на својот Фејсбук профил.
-Од ВМРО и ДУИ ќе зависи дали Македонија ќе е суверена држава каде што народот ги носи одлуките за тоа кој ќе биде власт, премиер или министер, или ќе стане протекторат, вели Даштевски.
ВМРО-ДПМНЕ го гласаа 455 илјади гласачи за да не го дозволи тоа. На сите, и на Македонците и на Албанците ни е јасно дека не е ни до СЈО, ни до Груевски, ни до ВМРО. До чадорот е! Тоа што некои албански политичари од разлицни партии зборуваат исти тези секој ден како навиени, само го докажува ова, додава Даштевски.