Професорот Александар Даштевски во своето вечерашно гостување во Само Вистина на Канал 5 посочи дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ води на сите анкети пред владеачката СДСМ. Според него поради големиот број киксови на власта, нејзината поддршка бележи пад, а дополнително претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, професорката Гордана Силјановска Давкова ќе се наметне во претседателската трка со нејзиното големо искуство и говорни способности.
Мислам дека Силјановска ќе се наметне, бидејќи има говорни способности, знае што треба да се каже во кој момент, има големо искуство така што сметам дека некои поени ќе заработи и во самата кампања, што е тешко да се покачи многу, меѓутоа и како што знаеме во анкетите генерално опозицијата води за 1 до 2 посто во заедничките гласови, Албанци и Македонци, вели Даштевски. Еден од клучните моменти за Даштевски кои ќе ги решат овие претседателски избори е навредата која Пендаровски како дел од шарената револуција ја упати кон политичките неистомисленици.
Голема грешка беше на кандидатот Пендаровски кога во времето на шарената револуција дека еве таму се собираат на другата страна како стока во трло во бачило итн. Тоа членството нема да го заборави, тоа многу ги погаѓа и навредува и не е добро за никој. И не би рекол дека тој е фаворит, заклучи тој.