![иоѕлѕиол](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/03/io-l-iol.jpg?resize=675%2C390&ssl=1)
Во емисијата „Топ Тема“, Џемаил Даути од Стопанска комора на северозападна Македонија на министерот за економија, Крешник Бектеши, му посочи дека мерките на Владата не значат ништо, односно тие се како да се покаже дека нешто се работи.
„Прво она што нѐ загрижува како комора е дека овие мерки се како да се каже дека се прави нешто, нека ми извини министерот“, нагласи Даути.
Даути додаде дека штетата предизвикана од вирусот ќе се согледа по шест месеци или до една година. Во моментот е битно да се овозможи минимални услови нешто да функционира. Таму каде што може да функционира.