
Давид Бабунски од денеска е нов член на екипата на Ботошани од истоимениот романски град. Двете страни се обврза на соработка во наредните 18 месеци.
Македонскиот интернационалец со ова прави кам-бек во европскиот фудбал по трите години што ги мина во Јапонија, во екипите на Јокохама Маринос (2017/18) и во Омија Адрија (2018-20).
Бабунски потекнува од познатата академија на Барселона, „Ла Масија“, стигна до Б тимот на Каталонците по што направи трансфер во Црвена звезда, а од таму се упати кон Далечниот исток.
За македонската „А“ репрезентација одигра девет меча додека со У21 тимот настапи на Европското првенство во Полска во 2017 година.