Јорданчо Давитков и официјално не е повеќе селектор на македонската кошаркарска репрезентација. Оваа информација денес ја потврди првиот човек на КФСМ, Перо Антиќ, кој нагласи дека нема да му биде понудена нова соработка на досегашниот предвидник и репрезентацијата во иднина ќе добие нов селектор.
Антиќ не сакаше да открие со кои тренери се преговара во овој момент, но напомена дека новиот селектор доаѓа од нашата држава и има големо искуство со водење екипи во странство.
Наводно во игра се тројца стратези, а најголема шанса за преземање на селекторското столче има Октај Махмут, кој на свој грб има фантастична интернационална кариера во Анадолу Ефес, Дарушафака, Бенетон, Галатасарај.