Давитковски: Министерството за здравство требаше да објави колку планира да потроши за набавка за вакцини

Во државата недостасува отчетност на носителите на јавни функции, оцени Борче Давитковски, професор на Правен факултет „Јустинијан Први“ во своето гостување во емисијата „24 Анализа“ во контестот на состојбата со корупцијата и неодамнешниот поразителен извештај на Транаспаренси Интернешнл/ посочувајќи го како пример и тоа што Министерството за здравство не објави колку пари планира да потроши за набавка на вакцините за коронавирусот.

Според Давитковски, сега во период на пандемија министерството за здравство требало да даде отчетност колку пари министерството планира да даде за вакцини.

„Нас елементарно што ни фали, покрај транспарентноста, најбитно по мене е отчетноста која треба да се даде после година дена од работењето, да каже толку сме потрошиле, колку сме дале и слично. Никој носител на јавна функција во Македонија не дал отчет за својата работа. Може е згрешена нешто во работата, може идеално работел, отчетност треба да се даде. Еве пример министерот одговара тројно, тој одговара за одлуките кои ги носи во влада, тој одговара за состојбата во својот ресор и одговара за својата лична работа. Кај нас за овие три сегменти никој не одговара. Еве се купуваат вакцини, пандемија е може да дадат на некој страна отчет колку пари ќе се дадат или слично“, рече Давитковски.