Давутоглу: Дел од осомничените за нападот во Анкара биле на боиштата во Сирија

Давутоглу: Дел од осомничените за нападот биле на боиштата во Сирија
Давутоглу: Дел од осомничените за нападот биле на боиштата во Сирија

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу денеска изјави дека дел од осомничените за самоубиствениот напад во Анкара во кој во саботата загинаа 97 луѓе, минале неколку месеци на боишта во Сирија и можно е да биле поврзани со Исламска држава или курдски екстремисти.

– Имаме извесни докази за поврзаност на бомбашите самоубици со ИД или со ПКК. Дел од осомничените со месеци биле во Сирија – изјави Давутоглу.

Давутоглу рече дека истрага има и за тоа дали имало разузнавачки и безбедносни пропусти пред двојниот самоубиствен напад во Анкара извршен во саботата.