Турскиот министер за надворешни работи Ахмед Давутоглу ги повика лидерите во Босна и Херцеговина да најдат решение на политичката криза, пренесе електронското издание на српскиот весник „Блиц“.
Ахмед Давутоглу, кој е во посета на Сараево , се сретнал со бошњачкиот член на Претседателството, Бакир Изетбеговиќ и со министерот за надворешни работи, Златко Лагумџија.
„Важно е политичарите во Босна и Херцеговина да разберат дека сите се на еден брод и да работат на тоа бродот да плови успешно“, изјавил Ахмед Давутоглу.