Министерот за надворешни работи на Турција, Ахмет Давутоглу истакна дека Анкара сака Украина да го зачува територијалниот интегритет и се надева дека сите проблеми на земјата ќе се решат токму во рамките на овој територијален интегритет, соопшти телевизискиот канал „НТВ“.
„Од гледната точка на Турција, Крим е важен како како отворена врата кон Украина за Турција, така и поради тамошните наши сонародници, кримската татари. Крим е важен и од гледна точка на тамошното културно наследство на Турција. Оценуваме дека Крим е еден дел во рамките на територијалниот интегритет на Украина и веруваме дека на оваа основа можат да се решат сите спорни прашања“, посочил уште министерот за надворешни работи на Турција, Ахмет Давутоглу.