Војната во Сирија претставува закана за сите земји, истакнал турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу, пренесуваат локалните медиуми.
Според Даватоглу на Владата на сирискиот претседател Башар ал Асад и е дозволено да продолжи да врши злосторства, а истовремено џихадистите од целиот свет доаѓаат да се борат против неа. Според него потребна е меѓународна стратегија која вклучува вистинска соработка меѓу разузнавачките служби на различни земји.