Дејан Георгиевски дојде до сребро на Г1 турнирот во Скопје, Мила Релјиќ освои злато

Скопје изминатиот викенд беше домаќин на елитната на таеквондото, со тоа што главните борби беа закажани за денеска на Г1 турнирот кој се одржа во македонската престолнина.

Нашиот сребрен медалист од Токио беше главен фаворит за освојување на златото на домашен терен, но за жал мораше да се задоволи со второто место и ново сребро во витрините откако загуби во финалната борба од Берат Хусејин Демирџиоглу од Турција.

Македонски натпреварувачи имаше и во женска конкуренција, а во тие борби најголемиот успех го направи младата Мила Рељиќ. Во категорија до 62 килограми, таа успеа да оствари три победи, а последната над Србинката Надја Савковиќ и донесе златен медал.

Овој престижен турнир доби шанса да биде дел од бодувањето за Летните олимписки огри во Париз и тоа само покажува дека таеквондото бележи сериозен напредок во нашата земја, кој пред се му се должи на Дејан Георгиевски.