Дејан Георгиевски ќе биде знаменосец на Македонија на ОИ во Токио

Дејан Георгиевски овој месец испиша историја откако обезбеди норма за Олимписките игри во Токио со одлично издание на квалификацискиот турнир во Софија.

Попладнево пристигна и информација дека тој ќе ја предводи македонската делгација на Далечниот Исток и ќе биде знаменосец. Ова на социјалните мрежи го откри Дарко Костовски, тренер во клубот „Бутел“.

„Денеска е ден на Македонското знаме! Почитувани, со посебно задоволство сакам да ве известам дека нашиот олимпиец Дејан Георгиевски ќе биде знаменосец на Македонскиот олимписки тим на олимписките игри во Токио“, напиша Дарко Костовски.

Дејан Георгиевски е вториот македонски олимпиец учесник во Токио, по борачот Могамедгаџи Нуров.