Дејан Георгиевски (+87 кг) е во големото полуфинале на Европските игри во Полска. Георгиевски го победи Иван Мартинез Гарсија 2-0 (Р1 4-2, Р2 8-3) во полуфиналето на таеквондо турнирот.
Дејан во финалето ќе ги одмери силите со Луис Канингам од Велика Британија.
Финалната борба е закажана за 20:35 часот.
Дејан одлично ја водеше борбата и не му даде шанса на Шпанецот да направи нешто повеќе во овој меч.