Најдобриот македонски таеквондист и освојувач на сребрен медал на последните Олимписки игри, Дејан Георгиевски славеше против Мартин Соареш кој беше прв носител на „Гранпри финале“ турнирот во Саудиска Арабија.
Во првата борба Георгиевски беше подобар од светскиот вицешампион Иван Гарсија Мартинез, а сега го совлада и Бразилецот, Мартинн Соарез. Борбата Георгиевски ја доби во две рунди со 9:5 и 6:0.
Сега Георгиевски е на чекор до уште еден голем медал кој по значење е веднаш под олимпиското сребро. „Гранпри финале“ е турнир каде што се натпреваруваат најдобрите борци од целиот свет и може да се учествува само со лична покана од организаторите.
Георгиевски е првиот Македонец кој ќе се бори за медал на еден од најважните турнири во таеквондото.