Дејановски: Нема да бидат доволно ни три покачени минимални плати за да се покрие синдикалната кошничка, реална минимална плата би требало да изнесува околу 26.000 денари

Порастот на минималната плата апсолутно нема да биде решение бидејќи моменталната вредност на синдикалната кошничка е 51.234 денари. Од оние пресметки што ние што ги правиме минималната плата во март месец нели тоа ќе остане на економско јавен совет да го решиме и треба да се зголеми според нашите пресметки околу 2.700 денари. Но, според пресметките неофицијално што ги дознаваме сега од министерство за финансии дека ќе порасне за 10% односно 1.800 денари. Значи тоа ќе биде од 18.000 ќе биде 19.800 денари, а ако оди по наша пресметка ќе биде 20.700 од прилика, истакна Трпе Дејановски, претседател на УПОЗ во гостување во „24 анализа“.

Дејановски додаде дека според ДЗС Македонија бележи 14% инфлација во цела година, што според него е нереално.

-Лебот само порасна за околу 100% и мислам дека е апсолутно нереално мерењето на ДЗС за инфлкацијата во Македонија, нагласи Дејановски.

-Кај нас најосновните производи и најевтините производи што се наоѓаат во маркетите и на пазарите влегуваат значи во таа минимална кошничка. Односно во синдикалната кошничка не влегуваат никакви производи од бутиците, не влегуваат производи што се луксузни, дали се тоа пршути, кавијари итн. Во кошничката имаме исхрана и пијалоци, и домување, тие се најголемите ставки во синдикална минимална кошничка, нагласи тој.

Претседателот на УПОЗ посочи дека само за месец декември кошничката изнесува 51.234 денари. А, тоа значи дека за уште 9.000 денари синдикалната кошничка ќе чини 1.000 евра.

-И да порасне минималната плата, значи моментално две минимални плати па дури ни три минимални плати не ја стигаат синдикалната кошничка, нагласи Дејановски.

Според него реално минималната плата треба да биде околу 26.000 денари, за да може едно четиричлено семејство без автомобил да издржи еден месец до другата плата.