Де Бур сака да биде менаџер на Тотенхем

Актуелниот тренер на старо-новиот шампион на Холандија, тимот на Ајакс, Франк де Бур, откри дека е подготвен да седне на преговарачката маса и да разговара со сопственикот на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем, Дание Леви.

Првиот човек на популарните “петли” веќе ја започна потрагата по новиот менаџер кој ќе го замени привременото решение во менаџерската фотеља, Тим Шервуд.

„Челниците на Тотенхем се уште не оствариле контакт со мојот агент, но оствариле контакт со раководните лица на Ајакс. Ги информираа дека сакаат да поразговараат со мене и со мојот агент на крајот од актуелната сезона. На оваа тема ќе размислувам малку повеќе откако ќе го одиграме последниот натпревар во оваа сезона. Ќе седнам на преговарачката маса и ќе ја слушнам нивната понуда. Сакам да понудам нешто ново, сакам да бидам како Брендон Роџерс кој е најзаслужен за големиот успех на Ливерпул. Мислам дека можам да имам успешна кариера како менаџер на Тотенхем”, изјави Де Бур.