Де Лаурентис и неговото семејство беа итно спасувани со хеликоптер откако се запали неговата јахта во водите на Средоземното море.
Според извештаите, 12 лица беа спасувани со подигнување во последен момент од спасувачи со хеликоптер. Причините за пожарот се уште не се познати.
Де Лаурентис изјави за италијанските медиуми дека сите, на среќа, се добро.
За среќа се испадна како што треба. Не знам што точно се случи, веројатно краток спој на електрониката во јахтата која предизвика пожар. Дали бевме исплашени? Секој во наша позиција ќе беше исплашен, посебно во ситуација кога имате и деца покрај себе, изјави Де Лаурентис.