Холандскиот дефанзивец Матијс де Лихт и неговиот марокански колега Нусаир Мазрауи се на чекор до трансфер во Манчестер Јунајтед.
Дефанзивците на германскиот гигант Баерн Минхен во понеделник пристигнаа во Манчестер на завршните преговори и се очекува од следната сезона да го носи дресот на „Црвените ѓаволи“.
Манчестер Јунјетед ќе им плати на Баварците околу 70 милиони евра за 25-годишниот Холанѓанец и за една година постарио Мароканец, а двајцата би требало да потпишат петгодишни договори.
Холандскиот менаџер на Јунајтед, Ерик тен Хаг сака да ја засили одбраната, а Де Лихт и Мазрауи беа неговиот прв избор. Добро ги запозна водејќи ги во Ајакс. Две години го тренираше сонародникот, а четири години Мароканецот.
Де Лихт се пресели од Ајакс во Јувентус во 2019 година, а три години подоцна замина во Баерн, додека Мазрауи се пресели директно од Ајакс во Минхен во 2022 година.
Тен Хег остана затворен за изјави по саботниот Комјунити Шилд против големиот ривал Манчестер Сити, кој на пенали во финалето го совлада градскиот ривал во англискиот суперкуп.