Дејв Грол објави дека станал татко на девојче родено „вонбрачно“, пренесува во средата dpa. Педесет ипетгодишниот фронтмен на Foo Fighters, изјави дека планира да биде „родител полн со љубов и поддршка“ на својата нова ќерка во објава на Instagram во вторникот.
Грол, кој има три ќерки со сопругата Џордин Блум, рече дека го сака своето семејство и прави „сѐ што може за да ја заслужи нивната доверба и да ја заработи нивната прошка“.
„Неодамна станав татко на нова ќерка, родена вонбрачно“, напиша тој во објавата. „Планирам да бидам родител со љубов и поддршка за неа“, пишува Грол.
Додава дека им е благодарен на следбениците што биле „внимателни кон неговите вклучени деца, додека одиме напред заедно. Дејв“.
Грол е во брак со режисерката Блум од 2003 година и заедно ги имаат ќерките Вајолет (18), Харпер (15) и Офелија (10). Тој претходно беше во брак со фотографката Џенифер Јангблуд од 1994 до 1997 година.
Овој рок-музичар свиреше на тапани во пионерскиот гранџ-бенд Nirvana од 1990 до 1994 година, кога на 27-годишна возраст почина пејачот Курт Кобејн.
Тој го формираше бендот Foo Fighters и сними голем број албуми на топ листите, вклучувајќи го и неговиот последен, But Here We Are од 2023 година.