Дејвид и Викторија Бекам се одмораат на остров близу Дубровник

Познатата двојка Дејвид и Викторија Бекам неодамна ја прославија 23-годишнината од бракот и решија да си се почестат со романтично патување на остров близу Дубровник, па нивното „идилично сместување“ не мина незабележано.

Поранешниот фудбалер и модната дизајнерка се одмораат со семејството на островот Лопуд, сместени во луксузен комплекс, наречен „Лопуд 1483“ … Станува збор за поранешен францискански манастир подигнат 1483 година, којшто потоа бил реновиран од грофицата Франеска фон Хабсбург. Денес, ова мирно засолниште е спој од музеј, врвен хотел и духовно одморалиште.

Самото место е совршено за оние кои сакаат да се чувствуваат „отсечени од остатокот од светот“. На располагање им се пет приватни апартмани за вкупно 10 гости. Секој од нив има своја бања и извонреден поглед на морето или кон пространи градини со средоземноморско зеленило и автохтона фауна.

Внатрешноста вклучува рачно изработени парчиња мебел, потпишани од италијанската дизајнерка Паола Ленти и ренесансна колекција на Тисен-Борнемиза. Ѕидовите се украсени и со современи уметнички дела.

Местото нуди и организација на бројни други содржини и настани – ликовни изложби, симпозиуми, вежби и други културно-рекреативни настани.

„Лопуд 1483“ се смета за едно од најлуксузните места на Јадранот. Изнајмувањето на целиот луксузен комплекс за 10-мина, е 10.000 евра дневно, додека ноќевање за едно лице, чини околу 1.400 евра.