![petar bogojeski](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/12/petar-bogojeski.jpg?resize=660%2C371&ssl=1)
Петар Богојески од Македонски концепт на изборите кои се одржаа на 15-ти јули во своето избирачко место во Изборната единица 1 освоил само три гласа.
Според резултатите достапни во електронска форма во Изборната единица 1, членот на Македонски концепт освоил само три гласа што е повеќе од смешно за човек кој за време на изборната кампања изјавуваше неповторлив успех и изборни резултати.
По овој дебакл на социјалните мрежи се појавија и саркастични коментари дека ниту соседите не го гласале Богојески.
Инаку во 2018 година додека беше започната фазата за промена на името еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан откри дека Петар Богојески гласал на Референдумот за промена на името Република Македонија.