ФОТО: Дебар Маало се дави во кал, каде е Жерновски?

За време на локалните избори можевме да слушнеме разни предизборни ветувања и ќе се занимава исклучиво со подобрување на животот на граѓаните во Центар и токму нивните проблеми  ќе му бидат приоритет  и ќе се заложи за нивно решавање. После три години, за жал можеме да кажеме дека се потврди сосема спротивното, пишува порталот Пресс 24.

centar-kal-2

Слушаме само како се заканува со рушење на тераси, дислоцирање на споменици, времени забрани за градби, мегаломански плати на директори  на јавните претпријатија, а ние живееме во кал, реагираат граѓаните.

Додека цела Македонија доживува експанзија во градежништвото, инфраструктурата, индустријата, инвестиции, само во општина Центар гледаме дека ништо не се случува.

centar-kal-3

Некогашната најубава населба во Скопје, Дебар Маало, денес венее како бледа слика од некое минато време. Неасфалтирани улици, дупки на секој чекор, раскопани улици со издигнати шахти, узурпирани детски игралишта.

centar-kal-4

Почнаа дождовите, дупките на улиците се полнат со вода и неможеме да ги забележиме кога сме во движење со автомобилите и постојано ги оштетуваме, се пожали еден граѓанин кои живее на една од улиците во Дебар Маало.

centar-kal-6

Со месеци се жалиме до општината и повикуваме да ни ја направат улицата, но очгледно немаат слух за нашите проблеми. Не можеме да си дојдеме до зграда без да се направиме цели со кал, а живееме во стрг Центар ”, вели жител на ул. Наум Наумовски Борче во скопски Центар, пренесува Пресс 24.

Овие улици се типичен пример како Жерновски го поминува својот мандат како градоначалник на општината која е срцето на главниот град на нашата држава. Се прашуваме дали до крајот на својот мандат Жерновски конечно ќе почне конечно да прави нешто добро за жителите на оваа скопска општина.