Дебарец дома чувал рачни бомби

Жител на Дебар е приведен во петокот во полицска акција, откако во домот на неговиот родител при претрес биле најдени рачни бомби и муниција за огнено оружје, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Вчера од страна на полициски службеници извршен бил претрес во куќа и помошни простории, сопственост на 59-годишниот Р.Р. од Дебар поради постоење основи на сомнение дека неговиот син, 36-годишниот А.Р., извршил кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

При претресот пронајдена била метална кутија во која имало неколку запалки за рачна бомба и три рачни бомби, неколку рамки за различен вид оружје и 18 куршуми од различен калибар.