![investiciski bran](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/11/investiciski-bran.jpg?resize=660%2C440&ssl=1)
Институтот за европска политика (ЕПИ) денеска организира дебата на тема „Домашните наспроти странските инвестиции во Република Македонија: политики за поддршка и нивните ефекти“.
Дебатата е дел од проектот „Дијалози за визија“ кој е поддржан од Британската амбасада во Скопје.
На настанот најавено е присуство на британскиот амбасадор во Македонија, Чарлс Гарет и директорката на ЕПИ, Малинка Ристевска – Јорданова.