Дебата во БиХ дали малолетниот убиец на полицаец се радикализирал во параџемат

Петмина од седумте уапсени во Босна и Херцеговина по терористичкиот напад врз полициската станица во Босанска Крупа во кој беше убиен еден а тешко ранет уште еден полициски службеник, ќе бидат предмет на ограничување на движењето до завршување на истрагата во која обвинителството досега открило индиции дека малолетниот убиец бил мотивирани од исламскиот радикализам.

На барање на Државното обвинителство во вторникот вечерта, Судот на Босна и Херцеговина на Џевдет Мујовиќ, Мухарем Бајриќ и Хајрудин Шабиќ им изрече мерка куќен притвор, а на Ријад Нахиќ и Мухамед Делалиќ им е забрането да го напуштат местото на живеење и обврска за редовно пријавување во полиција.

Уште двајца мажи кои беа уапсени минатиот викенд се ослободени, а истрагата сега е поврзана со поттикнување на тероризам.

Апсењето е извршено откако 14-годишниот Е.С., ученик во прв клас во средното училиште во Босанска Крупа, на 24-ти октомври влегол во полициска станица и со нож го убил полицаецот 53-годишниот Озрен Маран и тешко го ранил неговиот колега Авдо Хасановиќ.

Според сознанијата собрани во досегашната истрага, малолетниот убиец бил радикализиран пред делото што го извршил.

„Ова го направив во името на Алах, бидејќи Босна го поддржува Израел, кој убива муслимани во Палестина“, изјавил Е.С. откако полицајциет го совладале и привеле на испитување додека во телот на самото апсење повикувал на Божја казна против полицајците кои ги опишувал как неверници, стои во наодите на истрагата кои ги објави порталот Report.ba.

Врската меѓу малолетниот убиец и мажите кои потоа беа приведени е училиштето за изучување на муслиманскаа света книга Куранот во Босанска Крупа, каде Е.С., меѓу другото, од септември годинава учел и арапски јазик.

Во изјавата во полиција, неговата мајка изјавила дека од тој момент, Е.С. го променил своето однесување минувајќи повеќе време на социјалните мрежи и практикувајќи ги верските обичаи на поинаков начин од членовите на неговото семејство.

Бајриќ, Шабиќ и Мујовиќ, опишани како членови на вахабистичката заедница во БиХ, формирале здружение за афирмација на позитивните вредности „Степени“ во Босанска Крупа, во кое функционирала и школата на Куранот.

Во полициската рација по нападот на полициската станица, таму биле пронајдени и пари во готовина во вкупна противвредност од околу 70.000 евра, па една гранка од истрагата сега се поврзува со начинот на финансирање на ова здружение.

Адвокатот на уапсените Русмир Каркин на рочиштето во Судот на Босна и Херцеговина тврдеше дека се работи за пари од добротворни прилози. Тој е сигурен дека неговите клиенти се невини и дека единствениот грев им е што го учеле Е.С. за содржината на Куранот и на арапското писмо.

Но, за министерот за безбедност на БиХ, Ненад Нешиќ, ова училиште или здружение е нешто што одговара на дефиницијата за параџемат, односно издвоена исламска заедница во која се проповеда радикалното практикување на религијата.

„Сега дознаваме дека момчето го посетувало и параџематот. Тоа морало да биде аларм за да реагира системот“, рече Нешиќ, коментирајќи ги досега познатите информации од истрагата.

Тој, исто така, вели дека нападот во Босанска Крупа се вклопува во шаблонот на зголемен број терористички инциденти на територијата на Босна и Херцеговина, кои се удвоија по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година, а во кои претежно инволвирани се малолетници меѓу од 13 и 18, кои сѐ повеќе се етикетирани како „Тик-Ток терористи“ бидејќи се радикализирани преку социјалните мрежи.