Репрезентативецот на Македонија, Агим Ибраими, го запиша дебитантскиот погодок во дресот на италијанскиот калчолигаш Калјари.
Премиерниот неделен натпревар од 26. коло во италијанската Серија А, дуелот помеѓу екипите на Калјари и Удинезе заврши со убедлив триумф на домаќинот од 3:0, а последниот погодок на натпреварот, постигнат во 89 минута беше дело на репрезентативецот на Македонија.