Дебранец пријавен за изнуда

Жител на Дебар заработи кривична пријава поради изнуда од свој сограѓанин, кого откако не бил задоволен физички го нападнал.

Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против 51-годишниот Р.Т. од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „изнуда“. Тој, на 9-ти август годинава од својот сограѓанин А.С. побарал пари, но не ги добил истите, изјави Стефан Димоски портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Додаде дека откако Р.Т. не ја добил бараната сума пари која инаку не ја наведе, физички го нападнал сограѓанинот А.С. нанесувајќи му повреди во пределот на главата.

Димоски информираше дека во изминатите два дена на подрачјето на општините Дебар и Центар Жупа, кои со својата активност ги покрива ОВР-Дебар, издадени се седумдесеттина прекршочни платни налози за неносење заштитна маска.