Дебранец приведен за полов напад врз дете

Полициските службеници од Одделението за внатрешни работи во Дебар, привеле дебранец како можен сторител на полов напад врз дете.

– Денеска во ОВР-Дебар, приведен е Б.Ф.(40) од Дебар кој претходно е пријавен како можен сторител на казнените дела „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“ и „прикажување порнографски материјал на дете“. По целосно расчистување на случајот, ОВР Дебар ќе поднесе соодветна пријава – изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.