
Во Дебар пријавен за исчезнат е маж на триесет и тригодишна возраст.
Вчера во Секторот за внатрешни работи – Охрид, 35-годишната Ј.Т. од Дебар, пријавила дека од семејниот дом се одалечил нејзиниот две години помлад сопруг Н.Т.
Од СВР-Охрид информираат дека Н.Т. од домот се оддалечил пред неколку дена и не одговарал на телефонските повици.
Одделението за внатрешни работи во Дебар презема мерки за негово пронаоѓање, изјави Стефан Димоски, портпарол на СВР-Охрид.