Жителка на Дебар откако со плинска боца предизвикала пожар на балконот, истата ја фрлила преку балкон по што биле опожарени два автомобила.
Вчера во 11,20 часот во Одделението за внатрешни работи во Дебар пријавено е дека Б.Б., на 70 години, од Дебар, поради невнимателно ракување со плинска боца, предизвикала пожар на балконот од станот лоциран на улица во градот „8-ми Септември“ а потоа, боцата ја исфрлила на паркинг простор пред зградата, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.
Притоа, биле опожарени патнички возила „опел корса“ и „мерцедес“. Интервенирала Територијалната противпожарна единица, а увид на местото извршиле полициски екипи.