Деца од ФФМ се затруле со храна од Гала кујна

Државниот санитарен и здравствен инспекторат на 10.08.2018 год.од  страна на ЦЈЗ-Скопје е известен за  седум лица со симптоми на акутно труење со храна ( деца на возраст од 13 до 15 год.од ФФМ ) кои се јавиле на преглед во ПЗУ Медика-Неуромедика Скопјед.  Симптомите се јавиле околу 6 часот сабајле и тоа: гадење, тежина во стомак,  пролив, главоболка, вртоглавица но со полесна клиничка слика.

Од вкупно 54 деца, 3 тренери, 1 доктор кои јаделе од истата храна, на тегоби се пожалиле 45 деца. Шест од децата кои не ја конзумирале истата храна немаат вакви тегоби, се вели во соопштението на ДСЗИ.

Сите заболени во епидемиолошката анкета даваат податок дека на 09.08. 2018 год. конзумирале ручек и вечера во трпезарија на ФФМ, кои се обезбедени од кетеринг служба  на ДПТУ ФОРЦАШПЕД ДООЕЛ Скопје Подружница  ГАЛАКУЈНА бул.Србија бр.50  Аеродром-Скопје.

ДСЗИ од ПО Кисела Вода, во соработка со епидемиолог и екипа од ЈЗУ Центар за јавно здравје Скопје и инспектори од Агенција за храна и ветеринарство, на ден 10.08.2018 год. извршија  вонреден инспекциски надзор во  Подружница ГАЛАКУЈНА лоцирана на бул. Србија бр.50 Аеродром, Скопје, во присаство на управителот извршија увид во  документација при што е констатирано дека:санитарните книшки за 7 вработени со уредно извршени здравствено-хигиенски прегледи, превентивна ДДД од страна на овластено правно лице извршена е на 18.06.2018 година и Решение за работа од АХВ, Решение од Централен регистар за правниот субјект.

Во тек на надзорот земени се материјали за бактериолошки мониторинг, односно брисеви од нежива природа и мостри од храна, и тоа: Десет брисеви од нежива средина во кујна,шест мостри од затекната храна во кујна и два испироци од раце затекнати вработени лица во кујната.

ДСЗИ во соработка со ЈЗУ ЦЈЗ Скопје, а согласно чл.64 од Законот за заштита на населението од заразните болести (Сл.весник на РМ бр.66/04, 139/08, 99/09, 86/11, 149/14, 150/15, 37/16 ), веднаш ги затвори објектите со цел прекинување на понатамошно јавување на заболени со знаци за акутно труење со храна, при што е поставена е службена лента „Затворено од  Државен санитарен и здравствен инспекторат“ .

Забраната ќе трае до обезбедување на наредените против-епидемсики мерки: генерално механичко чистење на просторот и опремата,дезинфекција од страна на овластена здравствена установа, вонреден санитарно-хигиенски прегледи  на  вработените, контролни брисеви од работни површини и опрема.

По добивањето на резултатите од земените брисеви, доколку има потреба, ДСЗИ ќе наложи и други противепидемиски мерки.