Кумановските портали јавуваат дека маж на околу шеесетгодишна возраст е пронајден мртов на излез од населбата Средорек, во Куманово, во стари урнатини спроти Спомен Костурница.
Според неофицијални информации лицето го пронашле деца од населбата Средорек кои играле на местото.
Човекот бил облечен во работнички алишта без обувки на нозете.
Од кумановското Јавно Обвинителство велат дека на телото нема траги од насилство, но увидот се уште трае.