Децата од градинката „Буба Мара“ во рамки на проектот „Градот низ детските очи“ го посетија Музејот на Град Скопје и плоштадот Македонија во придружба на воспирувачи, родители и водич од Музејот.
Децата ги разгледаа знаменитостите на Скопје, а потоа имаа можност своите знаења и впечатоци да ги пренесат преку цртежи. Понесени од впечатоците децата заедно со водичот се упатија кон плоштадот Македонија каде приказната за Скопје продолжи.
Оваа посета е дел од проектот што се реализира со сите големи групи во ЈУДГ „Буба Мара“ во соработка со Министерството за труд и социјална политика.