Децата од Там Луанг ќе се замонашат во чест на загинатиот нуркач

Дванаесетте тајландски момчиња и нивниот фудбалски тренер кои беа спасени од поплавената пештера на северот на Тајланд денеска по една недела помината во карантин излегоа од болница. Тие одржа прес конференција на која раскажаа што им се случувало во пештерата Там Луанг во која поминаа 17 дена. Претходно момчињата заиграа фудбал на малото импровизирано игралиште во просторијата каде се одржуваше конференцијата.

Се случи навечер. Копавме низ камењата, и одеднаш слушнавме гласови. Тренерот Аке ни рече на сите да молчиме, дека слуша човечки гласови. Не бевме сигурни дека е вистина. И застанавме и слушавме. Бев шокиран,објасни едно од момчиња како се чуствувале кога дошле спасувачите деветиот ден откако влегле внатре.

Бидејќи лекарот утврдил дека сите деца се здрави, одлуката кој прв да биде извлечен ја донеле на самото место. При тоа, се договориле начинот на кој ќе избираат кој да оди прв е според оддалеченоста на местото каде што живеат. Така прво излегло момчето кое живеело најдалеку од Там Луанг и.т.н.

Тренерот Аке рече дека во пештрата влегле од љубопитност, за да ја истражат оти никогаш не биле таму, а не поради роденден на едно од децата. Тие планирале да одат на роденденската забава откако би излегле од пештерата. Сите се согласиле да влезат, но кога виделе дека водата влегува внатре размислувале како да ја напуштат пештерата. Морале да влезат во водата и да пливаат и со тоа ја демантираа информацијата дека дел од нив не знаеле да пливаат, па поради тоа спасувачката акција се отежнува. Но, не е точно, рекоа децата, бидејќи секој ден после фудбалскиот тренинг оделе на базен. Отпрво не се плашеле, но кога гладта почнала да ги гони, станувале се повознемирени. Ја пиеле водата од блискиот извор. На едно од стоте прашања од новинарите за тоа дали би се вратиле повторно во пештерата, дел од нив рекоа дека е можно, но со водич, но дел од нив никогаш повеќе.

Аке рече дека се чуствувале виновни поради смртта на нуркачот Сама Кунан, кој загина при акцијата за ниивното спасување. Момчињата покажаа слика на Кунан со пораки на момчињата, а која ќе биде предадена на неговото семејство. Во чест на Кунан, дел од момчињата рекле дека ќе се замонашат.

Ова е прво и последно нивно медиумско појавување, зашто децата треба да продолжат да ги жиеват нормално своите животи без притисок од јавноста. Тајландската влада стори се за да ги заштити децата од вознемирувачки прашања…Новинарите требаа претходно да ги најават своите прашања кои беа проверени од психолози, за некои од нив да не предизвикаат негативни чувства кај децата.

Децата влегоа во пештерата на 23 јуни, но останаа внатре откако беа поплавени од монсунските дождови. Беа пронајдени на 2 јули. Сите беа спасени што предизвика радост и олеснување во Тајланд и целиот свет.