Децата во северниот дел на Газа умираат од глад, предупредува СЗО

На северот од палестинската енклава Појасот Газа, децата умираат од глад, предупредува првиот човек на Светската здравствена организација (СЗО – WHO), Тедрос Аданом Гебрејесус, пренесува во вторникот BBC.

Тедрос изјавил дека посетата на претставници на СЗО изминатиот викенд на болниците „Ал-Авда“ и „Камал Адван“ е прва од почетокот на октомври.
На социјалните мрежи сподели дека „затекнатата ситуација е жалосна“. „Десет деца умреа од глад, а има и тешки нивоа на неухранетост“, додека болниците страдаат, вели челникот на СЗО.

Министерството за здравство на Појасот Газа, управувано од Хамас, објави во неделата дека најмалку 15 деца починале од неухранетост и дехидрација во болницата „Камал Адван“. Шеснаесеттото дете почина во неделата во болница во јужниот град Рафах, објави во понеделникот официјалната палестинска новинска агенција VAFA.

Тедрос предупредува на „високото ниво на неухранетост, глад што убива деца, сериозен недостиг од гориво, храна и медицински материјали, уништени болнички згради“ во северниот дел Газа, каде што се проценува дека живеат околу 300.000 луѓе, со премалку храна и чиста вода.

Посетата изминатиот бикенд беше првата посета на претстаници на СЗО по неколку месеци „и покрај нашите напори да добиеме поредовен пристап до северна Газа“, напиша Тедрос. „Ситуацијата во болницата ‘Ал-Авда’ е особено шокантна, бидејќи една од зградите е уништена“, додаде тој.

Обединетите нациии минатата седмица предупредија дека гладот ​​во Појасот Газа е „речиси неизбежен“. Висок функционер за помош на ОН предупреди дека најмалку 576.000 луѓе, или повеќе од четвртината од населението, низ Појасот Газа се соочуваат со катастрофална несигурност во храната, при што едно од шест деца на возраст под две години во северниот дел на Газа страда од акутна неухранетост.

Регионалната директорка на УНИЦЕФ, агенцијата за заштита на децата при ОН, рече дека „страува од смртни случаи на деца, додека неухранетоста го пустоши Појасот Газа“.

„Овие трагични и ужасни смртни случаи се направени од човекот, предвидливи и целосно е можно да бидат спречени“, рече Адел Ходр од канцеларијата на УНИЦЕФ за Блискиот исток во неделата.

Во саботата, САД го започнаа својот прв хуманитарен воздушен транспорт во Газа, при што од трансппортни аввиони исфрлиле повеќе од 38.000 оброци. Меѓутоа, хуманитарните агенции предупредуваат дека овие испораки, кои исто така претходно ги извршуваа Велика Британија, Франција, Египет и Јордан, се неефикасен начин за снабдување на луѓето. Дел од нив, имено, завршуваат во морето или на терен кој не е пристапен за населението.